Супер интересна приказна и неверојатна видео снимка стигнува од САД. Главни актери се Леброн Џејмс и ослободените хрватски генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
Се започна кога еден Хрват му порача на Леброн Џејмс на неговата официјална фан-страна на Фејсбук да се огледа на Марио Манџукиќ и да ги поздрави ослободените хрватски генерали.
Одговорот се случи мошне импресивно брзо, Леброн Џејмс на синоќешниот натпревар тоа и навистина го направи.
Сепак, оваа вест силно одекна низ хрватските медиуми, но, мораме да потенцираме дека Леброн Џејмс во минатото неколку пати знаел на овој начин да ги прослави поените.