Во пресрет на последната трка сезонава, големата награда за Бразил, Фетел има 13 бодови предност пред Фернандо Алонсо.
Иако првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека во недела треба да се обложува на Себастијан Фетел, сепак пронајде една голема мана кај германскиот возач.
„Фетел може да се приклучи во елитата, но му недостасува малку харизма“ изјави Еклстоун за германски „Билд“.
„Момци како Хант, Ринд, Лауда, Сена беа со вистински карактер. Денес возачите се премногу размазени од шефовите на екипите, а ФИА им забранува да покажуваат емоции“ додаде Еклстоун.
Пронајдете не на следниве мрежи: