Полека но сигурно се зголемува атмосферата пред последната трка за оваа сезона во Формула 1 натпреварувањето, борбата за шампионскиот пехар ќе ја водат германецот Себастијан Фетел и Шпанецот Фернандо Алонсо.
Кулминационата борба ќе се види токму на Големата Награда за Бразил, во Сао Паоло.
Моментално германецот Фетел има предност од 13 бодови (273 наспроти 260) и секако е голем фаворит за третата последователна титула.
„Првата наша цел секако е да се искачиме на подиумот. Третото место гарантира 15 бодови и кога Фетел би останал без ништо, тоа би било сосема доволно за шампионска титула. Ова е само претпоставка, бидејќи е во прашање спорт, а во спортот се е можно“ изјави Алонсо.
Пронајдете не на следниве мрежи: