Јувентус е спремен да одвои 15 милиони евра за првотимецот на Шалке, Џеферсон Фарфан, доколку Тео Волкот постигне договор со Арсенал околу продолжување на договорот.
Германските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран за првотимецот на Шалке, Џеферсон Фарфан, откако италијанскиот тим најде алтернатива за Тео Волкот кој веќе побара од навивачите на Арсенал трпение кога е во прашање потпишување на договор со неговиот клуб.
Јувентус, според најновите информации, е спремен да одвои 15 милиони евра за ангажман на играчот на Шалке, Фарфан, и уште во јануарскиот преоден трансфер период сериозно ќе ја разгледаат оваа можност за засилување на својот тим.
Пронајдете не на следниве мрежи: