Меси: Не се натпреварувам со Роналдо

Аргентинската фудбалска ѕвезда во тимот на Барселона, Лионел Меси, не е загрижен околу потпишувањето на новиот договор со челниците на Ноу Камп, и исто така потенцира дека нема намера да се натпреварува со Роналдо лично.

Лионел Меси инсистира дека нема потреба за брзање околу продолжување на договорот со Барселона.

Неговиот актуелен договор завршува во 2016-тата година и 25-годишниот фудбалер нагласува дека нема потреба за паника.

„Не сум загрижен околу договорот и тоа сум го повторил премногу пати. Моите цели со Барса се на долги стази, сакаме да напредуваме и да освоиме се што сме освоиле до сега“ вели Меси за шпанска „Марка“.

Пронајдете не на следниве мрежи: