Фантомски остров среде јужен Пацифик

Остров во јужен Пацифик кој се гледа на Google Earth и во големите атласи на светот, всушност не постои, објави во четвртокот група австралиски научници кој попусто тргнала во потрага по оваа копнена маса во рамките на геолошка експедиција.

Островот кој на Google Earth може да се види под името Sandy Island, се наоѓа во Коралното Море, на половина пат меѓу Австралија и француските територии ова Каледонија.
Референтниот светски атлас Times Atlas of the World, пак, истиот остров го именува како Sable Island.
Поморските карти коишто ги користи бродот за научни истражувања „Southern Surveyor“, исто така, упатуваат на постоењето на овој остров, вели Марија Ситон, членка на групата научници којашто тргна во потрага по тој остров.
„Сакавме да провериме. Податоците говореа дека на тоа место длабочината изнесува 1.400 метри“, изјави Ситон по враќањето од патувањето кое траело 25 дена.
„Се наоѓа на Google Earth и на други географски мапи. Меѓутоа, проверивме, остров нема. Навистина сме зачудени, тоа е многу необично“, додава таа.
Хидрографската служба на австралиска морнарица, задолжена за изработка на официјалните поморски карти, соопштила за Fairfax Media дека општите картографски факти ги зема „со зрно сол“, бидејќи некои детали и податоци се застарени или погрешни.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: