Давид Нешкоски – Ново име на сцената кое многу ветува

После долги години како гитарист на блуз бендот “Crossroad blues band” Давид Нешкоски го сними и својот прв сингл.

Со музиката е од својата 12 година, а сега ја започна и својата соло кариера со авторската песна “Wild Night Out”.

 

За песната е снимен и видео запис во режија на Христијан Конески. Давид Нешкоски е роден во музичка фамилија во Прилеп. Свири на клавир и гитара.

За кратко време музицирајќи низ градовите во Македонија, стана една од најмладите гитарски атракции.

 

Покрај настапите во Македонија, значајни се настапите на меѓународните блуз фестивали во Мостар (БиХ), Сента (Србија), Вараждин и Умаг (Хрватска), Копер (Словенија) каде рамо до рамо со познати светски блуз музичари ги бранеше боите на Македонија и само го потврдуваше фактот дека Македонија е расадник на музички таленти од било која област и во било кој стил на музицирање.

 

 

 

Неговиот талент е забележан и од многу постари и признати музичари како на пример Венко Серафимов и Влатко Стефановски со кои има остварено и допрва има планови за заедничка соработка. Во тек е снимањето на авторски материјал за неговиот прв самостоен албум кој ке содржи девет композиции. Стилот кој е застапен во музиката која ја твори Давид е мешавина од влијанија од неговите музички идоли со кои тој порасна и се оформи како музичар, Џими Хендрикс, Ерик Клептон, Стиви Реј Вон, Џон Меер, Џое Бонамаса.

Композициите се отпеани на англиски јазик со што покрај македонските слушатели со неговото творештво ке можат да се запознаат и слушателите и љубителите на овој звук и пошироко. За албумот кој ке следи се подготвува и соодветен видео материјал за дел од композициите , со што уште повеке ќе се доближиме до слушателската публика, бидејќи сонот на секој музичар е да неговите нумери бидат забележани и запаметени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: