Едно романтично запросување

Loading...

Луѓето знаат да бидат многу инвентивни кога станува збор за запросување на саканата. Знаеме за многу интересни и креативни идеи, а сега ви претставуваме уште една…

 

Иструктор по летање Стујарт Блек својата девојка Анет Мекензи ја поведе со себе на нејзиниот прв час по летање и воедно и приреди романтично и неочекувано изненадување.

 

Имено Стујарт одлучил да ја запроси Анет, така што на поле со големи букви го поставил судбоносното прашање. Во еден момент и кажал да погледне надоле кон полињата, а кога Анет погледнала Стујарт во рацете држел дијамантски прстен.

 

Таа во истиот момент прифатила…

 

За неа тоа било вистинско и неочекувано изненадување. Покрај сета нервоза од летањето, во моментот кога Стујарт и кажал да погледне надоле кон полињата таа заборавила на се и се препуштила на еден од нејзините најубави моменти.

 

Парот пред две години се запознал на Facebook, но за прв пат се сретнале минатата пролет.

Иако на Стујарт му требале неколку месеци за да се подготви, сепак се завршило со успех.

 

Нека им е со среќа…

loading...