Националното здружение на новинарите на Италија најави штрајк за во понеделник во знак на протест поради предложениот закон за медиуми, во кој е содржана одредбата која предвидува затворска казна за клевета.
Од новинарското здружение укажуваат дека со предложениот закон се предвидени затворски казни за новинарите кои во своите текстови ќе изнесат клевета.
Од друга страна, се намалува казната за уредниците и се ограничува само на парична казна до максимални 50.000 евра.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: