Претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон, го прави последниот обид да ги исфрли Соединети држави од официјалното име на Мексико.
Името Соединети мексикански држави или “Estados Unidos Mexicanos,” било усвоено во 1824 година по прогласувањето независност од Шпанија, како имитација на северниот сосед, но тоа име ретко се користи освен во официјални документи, на парите и во други владини материјали.
Сепак, претседателот Калдерон свика конференција во четврток за да најави дека сака да го смени името во едноставно име Мексико. Вели дека неговата држава не треба да копира ничија формула за име.
Првпат промена на името на Мексико, Калдерон предложи уште како конгресмен во 2003 година, но тој предлог не стигна на гласање.
Новите уставни измени што претседателот ги предложи треба да бидат одобрени од двата дома на Конгресот и мнозинството од 31 мексикански држави.
Како и да е, Калдерон ја напушта канцеларијата на 1 декември, покренувајќи прашање дали неговиот предлог е само симболичен гест.
Неговиот предлог во коментарите на Twitter е сфатен како смешен.
Калдерон вели дека се додека промената на името нема да покрене други реформи, треба да се гледа како релевантен предлог.
„На Мексико не му треба име што имитира име на друга земја и што никој не го употребува на дневна основа“, вели Калдерон.
САД има големо влијание врз Мексико, како никоја друга земја, па така Мексиканците ги следат американските рагби тимови, гледаат американски телевизиски програми, и купуваат американски производи.
Додека САД има игнорантски однос кон својот јужен сосед.
Калдерон се обидува да ја задржи интернационалната слика за Мексико, да ја промовира водечката туристичка индустрија, наспроти неговата шестгодишна битка со картелите со дрога.
Најмалку 47.000 луѓе умреа во насилствата поврзани со картелите за дрога за време на неговиот мандат, иако се верува дека бројката е многу поголема, затоа што администрацијата престана да води статистика, минатата година.
Анкета објавена минатата недела, а изработена од Vianovo consulting вели дека половина од американците гледаат на Мексико како на непопуларна дестинација, а дури 70 отсто веруваат дека не е безбедно да се патува таму.
„Време е Мексиканците да ја вратат едноставноста и убавината на името на државата, Мексико“, вели Калдерон. „Име кое го извикуваме, кое го опеваме, име кое не прави среќни, со кое се идентификуваме, кое не исполнува со гордост“
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: