Расел Кроу сака да се откаже од снимањето филмови!

Loading...

“Не сакам веќе да снимам, сакам да имам време за моите деца!” – се пожалил 48-годишниот актер на својот Twitter профил.

Минатиот месец оскаровецот се разведе од својата сопруга Дениел Спенсер (43). И го препушти старателството над двете деца – осумгодишниот Чарлс и шестгодишниот Тенисон. Со оглед на тоа, обврските го оддалечиле од семејството – по снимањето на драмата “Ноа”, тој започна со снимање на “Зимска Приказна”, па не ги видел своите деца цели 3 месеци. 

“Моите синови сакаат да научам да ги играм нивните омилени игри, морам да се подготвам.” – вели Кроу, кој минатата недела слободно време го мина забавувајќи се со своите колешки Џенифер Конели и Ема Вотсон. 

loading...