Наташа Беквалац им препорача на Хрватите да не сметаат повеќе на неа

Loading...

Пеачката Наташа Беквалац, изреволтирана од ослободителната пресуда за хрватските генерали, го откажа својот концерт во Загреб.

 

Таа им препорачала на организаторите на настапот да не сметаат на неа. Имено пејачката требала овој петок (денес), да настапи во загрепскиот клуб Маскона.

Таа на организаторите им објаснила дека со оглед на актуелната ситуација, таа не сака да се појави таму. Истите извори известуваат дека влезниците за нејзиниот настап биле во истиот момент распродадени, но ниту тоа не ја убедило новосадската барбика да се предомисли. 

Во официјалното соопштение стои:

'Почитувани, ве известувам дека од објективни причини не сум во можност да го одржам солистичкиот концерт во Загреб, закажан за 23 ноември. Во својата 15 годишна кариера никогаш досега не сум откажала концерт, ама ако се земе во предвид новонастанатата ситуација, сметам дека е подобро да не го одржам концертот.'

 

извор: www.svet.rs

loading...