Американскиот глумец и пејач Џаред Лето, поради потребите на неговиот нов филм The Dallas Buyers Club, во кој глуми транвестит заразен со ХИВ, го депилира целото тело – нозете, рацете, лицето и дури и вегите.
Но ова не е прва трансформација на оваа холивуска ѕвезда. Имено кога го глумеше Марк Чепман, убиецот на Џон Ленон, Џаред се здебели 30 килограми. За ова тој изјави: “Здебелувањето и ослабувањето не беа ништо во споредба со депилацијата. Девојки сега сфакам колку е тешко и болно!”.
Филмот на режисерот Жан-Марк Вал ја следи животната приказна на Рон Вудруф, електричар од Тексас заразен со сида, кој почна тајно да внесува неодобрени лекови во САД со цел да си помогне на себе и другите болни околу него.
Својот живот успеал да го продолжи за неколку години, но против себе ја навлече Американската администрација за увоз на храна и лекови која ги забрани овие лекови.
Партнер на Џаред во овој филм е Метју Меконахеј, кој исто за потребите на овој филм го смени својот изглед, ослабна цели 15 килограми.
Пронајдете не на следниве мрежи: