Вардар Про гостува во Магдебург

Ракометарите на Вардар Про, во петок, ќе го одиграат првиот натпревар, во рамките на третото коло во Купот на ЕХФ.

Македонскиот преставник во ова натпреварување, во првиот натпревар ќе му гостува на бундеслигашот Магдебург.
Вардар Про во Германија ќе настапи без Лука Раковиќ и репрезентативецот Стојанче Стоилов, кој поради несогласувањата со тренерот Веселин Вујовиќ е отстранет од екипата.
Инаку Магдебург е екипа која има импресивна биографија, овој тим е трикратен Европски шампион, има 11 титули државен првак, од кои 10 се освоени во поранешниот ДДР.
Најзвучни имиња во овој состав на Мегдебург се Словенците Алеш Пајович и Јуре Натег, полскиот репрезентативец Бартош Јурецки и Норвежанецот Стиан Тонесен.
Дуелот кој ќе се одигра во „GETEC“ арена, чии капацитет е 7.000 места ќе започне во 19:30 часот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: