Воен авион се урна близу Прага, пилотот загина

Воен авион се урна во четврток вечер во близина на Прага, при што загина пилотот кој не успеал да се катапултира.

Авионот едносед од типот Л-159 од чешко производство се враќал во воено-воздухопловната база во местото Часлав.
Авионот се урнал во ниви, вон населено место,а во остатоците од леталото пожарникарите го нашле телото на пилотот.
„Пилотот загина за време на тренинг во мрак. Авионот удрил во земјата. Засега нема доволно информации како се случила несреќата“, изјави Петр Ланчи, командант на воздухопловната база.
Летовите на авионите од типот Л-159 времено се прекинати додека не се утврди причината за падот, изјави Дениса Вернерова, портпарол на воената база.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: