Само за жени: неколку трикови за жежок секс

Предиграта е можеби и најважниот дел од водењето љубов. Тоа е она слатко заедување пред самиот сексуален чин кое значително ја зголемува сексуалната возбуда, а со тоа го засилува самото доживаување и го подобрува сексуланиот живот…Можеби Ви се чини дека мажите и не сакаат многу предигра, но грешите. 

 
Всушност мажите сакаат само поинаков тип на предигра од жените. Затоа еве неколку совети за поттикнување на страста кај мажите.
Мажите сакаат да гледаат
Мажите сакаат визулено возбудување, па токму затоа обожаваат да ги гледаат своите партнерки голи или во секси долна облека. Уште подобро би било кога партнерката би извела еротски танц или можеби стриптиз пред него. Исто така нема ништо лошо во тоа парот да изгледа порно филм заедно. Но она што е овде најважно, е што и да правите, да го направите тоа еротично и со стил, а не нападно и неугодно за него. Многу бакнежи
Бакнувајте го партнерот по целото тело, но многу полека и романтично. Бакнувајте го по градите, рацете, грбот, стомакот, а промената на температурата која ќе ја почувствувате на неговата кожа ќе Ви даде до знаење колку многу делуваат Вашите бакнежи.
Превземете контрола
Слободно преземете ја контролата во текот на предиграта, мажите не сакаат секогаш да ја водат предиграта. Кога Вие превземате му покажувате на партнерот дека сте заинтересирани за секс исто како и тој, а тоа за него е крајно возбудливо.
Мажите сакаат допирање
Мажите обожаваат допири, посебно за време на сексуланиот чин. Овозможете му долга и пријатна масажа на својот партнер. Започнете со рамената, а потоа продолжете кон рацете и грбот, ќе се изненадите колку многу тоа ќе го возбуди.
Дразнете го
Мажите обожаваат кога партнерката ги дразни, па затоа правете го тоа и пред и за време на сексуланиот чин. Дразнењето до момент до кој тој не може да издржи, го прави сексот незаборавен. Ова се само неколку едноставни совети за тоа како да ја продолжите и зачините својата предигра, но Вие не запирајте овде. Бидете креативни и иновативни, истражувајте заедно со Вашиот партнер и претворете го секој сексуален чин во незаборавно искуство. Љубовта се гради и одржува и преку заедничките сексуални искуства. Колку повеќе му угодувате на партнерот, тој толку повеќе сака да Ви возврати, па на крај резултатот ќе биде максимално уживање и за двајцата.
 
извор: www.zadovoljna.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: