Марта Стјуарт (77), американска ТВ водителка, колумнистка и ѕвезда на емисијата за кулинарство и животен стил најави партнерство со компанијата Canopy Growth која се занимава со произведување на марихуана и производи кои содржат канабис и CBD.
Овие производи од марихуана ги користат многумина, но не за да се “напушат”, туку за да ги намалат болките и анскиозноста.
Првите производи на Марта Стјуарт нема да бидат наменети за луѓето, туку за животните.
“Воодушевена сум со соработката со Canopy Growth, а особено ѝ се радувам на нашата прва соработка која ќе понуди чувствителни производи за домашните миленичиња”, рекла таа, но не прецизирала за какви производи станува збор.
“Марта е единствена и многу сум возбуден што ќе имам можност да работам со оваа икона и да го проширам нашиот асортиман со CBD производи по категории, од оние за луѓе до оние за животни”, рекол Брус Линтон, претседател на компанијата.