Чоколаден воз долг 34 метри

Во Брисел, Белгија, скулпторот со чоколадо Ендрју Фаруџиа од Малта изложи чоколаден воз долг 34 метри, а тежок околу 1.250 килограми. Со ова тој постави нов светски рекорд за најдолга скулптура од чоколадо во светот. 

Гинисовиот рекорд за највисока ваква скулптура го држи Патрик Роџер од Сео, Франција. Се работи за божиќна елка која е висока околу 10 метри, а тешка цели 4.000 килограми. 

На Фаруџиа му биле потребни повеќе од 700 часови работа на оваа скулптура, а рекол дека се одлучил да го направи ова откако го посетил белгискиот фестивал на чоколадо во Бриж минатата година. 

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.