Секс за добра ноќ

Loading...

Сексот пред спиење гарантира добар сон, тврдат научниците…Меѓутоа, најдобриот совет за добар и квалитетен сон не е ни малку романтичен, со оглед на тоа дека научниците препорачуваат спиење во одвоени кревети.

 

Според спроведените истражувања во кои секој шести доктор на своите пациенти им советувал секс пред спиење за добар сон, а 38% од докторите на своите пациенти им препорачувале спиење на одвоени кревети, се покажало дека и сексот пред спиењеи спиењето на одвоени кревети овозможуваат поквалитетен сон.

При истото истражување, дури третина од испитувачите истакнале дека квалитетот на нивниот сон се нарушил откога светот се соочува со рецесија.

Од недамна е познато дека квалитетниот сон е важен за нашето здравје. Со други зборови, ако не спиете доволно и квалитетно се изложувате на зголемен ризик за разболување. Само 21 процент од светот спијат по препорачаните 8 часа. Значи мнозинството воопшто не спие, а тоа е причина за многу болести – истакнува др. Patricia Mcnair која учествувала во истражувањето.

loading...