Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да ја зацврсти врската со Клаудио Маркисио и Артуро Видал.
Според Тuttosport, дуото од средината на теренот веќе некое време е мета на тимови од типот на Реал Мадрид, ПСЖ, како и двата клубови од Манчестер.
Исто така, познато е дека минатата сезона Јувентус одбил понуда од Баерн Минхен, кој сакал да ги доведе овие двајца фудбалери на Алианц Арената.
Свесен за интересот кој е присутен за дуото, Џузепе Марота е подготвен да им понуди на овие фудбалери нови договори кои би ги задржале во Торино до јуни 2018 година.
Видал, кој дојде во Јуве од Баер Леверкузен во 2011, и Маркисио се обврзани да играат за Јувентус до јуни 2016 година, доколку никој не им го откупи договорот во меѓувреме.
Маркисио моментално заработува 3 милиони евра по сезона, додека кај Видал таа бројка изнесува 2.7 милиони евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: