Чаби Алонсо призна дека Роналдо “не му е омилен лик”

Чаби Алонсо конечно призна дека нема никаков личен однос со Кристиано Роналдо, но сепак нагласува дека професионалното почитување меѓу нив е на многу високо ниво. 

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Ливерпул верува дека Португалецот е клучен дел од тимот на Реал Мадрид, но вели дека надвор од теренот, тие не се сложуваат. 

“Меѓу мене и Роналдо постои голема почит на професионално ниво. Нормално е дека не може да се сложуваат сите фудбалери надвор од теренот, и се разбира дека не го сметам секој мој соиграч за пријател. Но, во соблекувалната и на теренот се е во ред со Роналдо. Не се согласувам со гласините дека тој е 'дива'. Тој е многу амбициозна личност и има огромна самодоверба. Роналдо е многу важен дел од нашиот тим.”

Алонсо исто така се осврна и на односот кој го има со Мурињо. 

“Секогаш учам од Жозе. Тој секогаш го бара максимумот од нас, но обрнува внимание и на најмалите детали. Луѓето мислат дека го познаваат, но тие го гледаат само во јавноста. Јас знам каков е Мурињо во соблекувалните, тој е многу поинаков.”

Пронајдете не на следниве мрежи: