Хари Реднап ќе биде новиот тренер на Квинс Парк Ренџерс

Квинс Парк Ренџерс му дадоа отказ на тренерот Марк Хјуз поради тоа што тимот се наоѓа на последната позиција на табелата во Премиер Лигата. Новиот менаџер на тимот ќе биде Хари Реднап, поренешниот тренер на Тотенхем. 

Реднап ќе биде официјално назначен на позицијата во недела, кога ќе го одржи и првиот тренинг со тимот, а ќе потпише договор со важење до 2014 година. Утре ќе го гледа натпреварот против Манчестер Јунајтед на трибините на Олд Трафорд. 

Кевин Бонд и Џо Џордан, кои беа со Реднап во Тотенхем, ќе му се придружат како помошници и во овој нов проект. 

Квинс Парк Ренџерс го чекаат Хари Реднап…

Пронајдете не на следниве мрежи: