Том Круз го помина Денот на Благодарноста со својата ќерка

Откако Том Круз и Кејти Холмс се разделија, и го завршија 6 годишниот брак, нивната ќерка, малата Сури, остана да живее во Њујорк заедно со нејзината мајка, додека Том веќе некое време живее во Лондон, бидејќи таму снима нови два филма.

 

Имено по разделбата, Сури поминуваше многу малку време со својот татко, а во јавноста постојано кружеа информации за тагата на актерот што е разделен од своето дете.

 

Но на еден од најголемите американски празници, Денот на благодарноста, денот кога сите се со своите семејства, Сури одлета за Лондон за да биде со својот татко, а нејзината мајка замина за родното Охајо за да биде со своите сестри и родители.

 

Кејти се довери на близок пријател дека не е среќна што Сури ќе биде оделена од неа за овој празник, и што ќе биде сама со својот татко, но во прашање биле само 2 дена, па решила да ја усреќи својата ќерка на која и недостасува татко и.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: