Нов кинески автомобил ќе се претстави на саемот во Женева

Нов автомобил кој се произведува во Кина во копродукција на кинескиот произведувач Chery и финансискиот холдинг Israel Corp ќе биде претставен во март наредната година, на Женевскиот саем на автомобили.

Новата марка автомобил Qoros воедно ќе биде и единствениот кинески претставник на Саемот.
Qoros се очекува прв пат да се појави во Кина во април, на саемот на автомобили во Шангај, а продажбата на возила предвидено е да започне во втората половина од наредната година.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: