Новиот експериментален Џими Хендрикс

Новиот албум на прерано починатата легенда на рокенролот Џими Хендрикс со 12 досега необјавени песни ќе биде издаден на 5-ти март 2013 година, пишува магазинот Rolling Stone.

Албумот со наслов „People, Hell and Angels“ ќе биде своевиден приказ на музиката што гитаристот Џими Хендрикс ја создавал во двегодишниот периодот 1968/1969 година. Специфичноста на овој материјал се состои во тоа што, според многумина еден од најинвентивните гитаристи во историјата, експериментира со дувачки инструменти, клавијатурите и пратечка гитара,
Според написот во Rolling Stone, гитарскиот гениј на споменатиот материјал работел без помош од неговиот бенд The Jimi Hendrix Experience, испробувајќи нови музички можности во потрага по нови отклонувања од својот легендарен специфичен гитарски израз.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: