The Economist: Балканот е рај за адвокати

За адвокатите на Балканот времињата никогаш не биле подобри, земајќи ги в предвид сите судења против високи воени и политички функционери, пишува во петокот британскиот весник The Economis, осврнувајќи се на серијата судења во Хрватска, Србија и Косово, како и на ослободителните пресуди за двајцата хрватски генерали во Хаг.

„На Балканот главна вест е кој е во затвор, кој излегол од затвор или кому ќе му се суди“, наведува весникот и додава дека во јавноста најмногу одекна ослободителната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
Во текстот под наслов „Правда во Хрватска-политички одеци и неколку судски одлуки“,The Economist пишува дека генералите се вратиле дома како херои и дека Готовина би можел да влезе во политиката како десничарски политичар близок до Католичката црква
За Хрватите пресудата ја докажува дека нивната борба против Србите била без гревови, додека Србите ситата ја дочекаа со без, вели авторот на текстот и потсетува на изјавата на српскиот премиер Ивица Дачиќ кој рече дека пресудата ги омаловажува српските жртви и ги чини безначајни.
Истакнувајќи дека Србите отсекогаш сметале дека Хашкиот трибунал е антисрпски, весникот пишува дека никој во Србија не очекува осудителна пресуда против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и уште двајца припадници на ОВК, која треба да биде изречена на 29 ноември.
Угледниот британскиот весник ги потсетува читателите на низа истраги и судења на поранешни и актуелни политички функционери на Балканот-поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, поранешниот српски вицепремиер Оливер Дулиќ, косовскиот политичар Фатмир Лимај и првиот потпретседател на хрватската влада Радомир Чачиќ.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: