Напаѓачот со снајпер кој уби двајца во низа напади на имигранти во Шведска осуден е на доживотен затвор.
Нападите на Петер Мангс (40) изведени се во минатото десетлетие, а ширеа паника во јужниот град Малме во кој 30 отсто од граѓаните се имигранти.
„Злосторствата кои ги направи Мангс беа многу сурови и покажуваат потполно изостанување на емпатија кон други луѓе“, објавија судиите во пресудата.
Мангс е прогласен за виновен во јули поради убиство на Швеѓанка во 2009 година, која седела во автомобил до својот пријател имигрант. Исто така, осуден е и за убиства на Иранец кој го застрелал од блиску во неговиот стан, во 2003 година.
Судот го прогласи Мангс за виновен и за четири обиди за убиства во снајперските напади во 2009 и 2010 година.
Шведскиот убиец ќе мора да плати и 149.700 долари отштета на жртвите и нивните семејства.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: