Чаби Алонсо открива дека приватно не се дружи со првата ѕвезда на Реал Мадрид, но додава дека го цени и го почитува како соиграч.
Во последно време премногу се зборува за лошата атмосфера меѓу играчите во Реал Мадрид, со оглед на фактот што Кристиано Роналдо е незадоволен во тимот.
Изјава на Алоонсо може да се сфати и како еден вид на своевидна потврда во овие шпекулации.
Шпанецот потенцираше дека Роналдо не му е пријател во приватниот живот, но нагласува дека тоа нема никаква поврзаност на теренот.
„Секако дека неможе секој со секого во тимот да биде најдобар пријател. Роналдо и јас имаме нормален и колегијален однос и професионално почитување“ изјави Алонсо.
Пронајдете не на следниве мрежи: