Меси: Гвардиола може да успее во секој клуб

Свесен дека неговиот поранешен тренер константно се поврзува со многу клубови во Европа, аргентинецот Лионел Меси разбира зошто Пеп Гвардиола е премногу баран од европските-светски фудбалски гиганти.

Поранешниот тренер на Барселона последните неколку денови беше поврзуван со Челзи, но, кормилото во тимот сепак го презеде Рафа Бенитез.

Пеп константно се појавува низ медиумите и се поврзува со многу големи клубови.

Лионел Меси сфаќа зошто е тоа така, аргентинецот тврди дека Гвардиола би можел да успее во било кој тим.

„Каде и да отиде, Гвардиола ќе има успех, тој е за мене најдобар тренер на светот и јас не се сомневам дека ќе има успех во било кој тим. Му посакувам многу среќа, каде и да одлучи да се пресели“ изјави Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи: