Откако беше откриена негова статуета пред стадионот „Олд Трафорд“, Фергусон прокоментираше дека сега и официјално е „вистинска легенда“.
Пред стадионот „Олд Трафорд“ беше подигната статуета во чест на менаџерот Алекс Фергусон кој имаше и повеќе од успеша кариера во Манчестер Јунајтед со неговите 26 години поминати во клубот.
За таа прилика и самиот Фергусон им се заблагодари на сите за поддршката.
„Навистина е фантастично, премногу сум горд во овој момент. Вообичаено е луѓето прво да умрат па да добијат вакво нешто, така да и официјално сум легенда која живее“ се пошегуваше Алекс Фергусон.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.