Популарниот „Фараон“ изрази благодарност до Масимилијано Алегри поради тоа што му даде безрезервна поддршка и успеа да го претвори во гол-машина од почетокот на шампионатот.
Младиот италијански напаѓач веќе постигна 16 голови за Милан и младата селекција на Италија. Се чини дека се зголемува бројот на клубови кои се заинтересирани да го ангажираат во своите редови, секако, тука се мисли на големите фудбалски гиганти во светот.
„Не ја започнав сезоната на најдобар можен начин, меѓутоа, Алегри веруваше во мене цело време, а тоа е во секој поглед најважното нешто за сите играчи“ вели Ел Шарави.
„Презадоволен сум со 16 постигнати голови до ноември, навистина сакам да се развивам и да прикажувам што подобри партии за Милан. Ова е фантастичен период за мене, но морам да продолжам во ист ритам“ изјави Ел Шарави.
Пронајдете не на следниве мрежи: