По испаѓањето од Лигата на Шампионите во средата навечер, аргентинецот во редовите на Манчестер Сити, уверен е дека Сити има сили за да ја одбрани титулата во националниот шампионат.
Серхио Агуеро верува дека неговата екипа и после елиминацијата во Лигата на Шампионите, каде не остварија ниту една победа, има карактер да се подобри и да се извлече од проблемите и повторно да ја освои Премиер Лигата.
Сити во средата на „Итихад“ одигра 1-1 со Реал Мадрид и притоа ја изгуби секоја можна шанса да остане во Лигата на Шампионите, но аргентинецот верува дека тоа нема да предизвика големи последици по него и неговите соиграчи.
„Уверен сум дека ќе ја одбраниме титулата! Точно е дека Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и другите тимови се засилија во своите редови. Ние сеуште сме актуелни шампиони и логично е дека секој сака да не победи“ изјави Агуеро.
Пронајдете не на следниве мрежи: