Процвета најголемиот и најсмрдливиот цвет на светот

Најголемиот цвет на светот Арум Тита (Amorphophallus titanum) процвета во Ботаничката градина во Базел, во Швајцарија.

Цветот има толчник, висок 2,27 метри и црвено-кафеави ливчиња, а неговиот корен тежи околу 13 килограми.
Титан Арум е по потекло од џунглите во Суматра. Ова не е само најголемиот цвет на светот, туку и најсмрдливото растение кое шири мирис кој потсетува на мирис на месо кое скпаува.

Во оваа Ботаничка градина во последните 18 месеци процветале два вакви цвета.
Во април 2011 година, кога оваа билка цвета, ботаничката градина ја посетиле 25.000 луѓе.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: