Унгарија воведува институција Народен правобранител за заштита на финансиските права на граѓаните, кој што ќе ги застапува по индивидуална основа.
Целта на таквиот Народниот правобранител ќе биде да ги штити правата на потрошувачите на финансиските производи, а правото на негово именување и разрешување ќе му биде доверено на министерот за економија.
Новиот Народен правобранител ќе има право да покренува аки во име на клиентите кои побарале негова помош, а ќе може и да предлага нови закони и амандмани. Една од неговите главни задачи ќе биде да ги информира граѓаните за опасностите од кредитирање во странски валути.
Народниот правобранител за заштита на потрошувачите на финансиски производи ќе биде независен во своето работење и нема да смее да бара, ниту да прима совети од унгарската влада или од други јавни тела.