Случајот стана познат пред неколку денови.Станува збор за некрофилија. Жената се правдаше на интернет, објави дека е спремна се да трпи за својата страст. Таа смета дека кога човекот го сакаш, не е важно дали е жив или мртов.
Фотографиите ги објави шведската полиција. Жената (37) деловите од скелетот ги користела како сексуални играчки. Во нејзиниот стан, полицијата пронајде речиси цел костур, а сето тоа е фотографирано и снимено. Наводно се пронајдени повеќе черепи. На некои фотографии се забележува дека жената всушност спиела со скелетот, а на некои таа го бакнува черепот. Се уште не е познато како таа успеала да ги набави сите делови од костурот.
Таа е обвинета за вознемирување на мирот на покојникот, а судењето ќе започне наредната недела. На неа и се заканува казна затвор од 2 години. Жената тврди дека не прекршила ниту еден закон, ниту морална норма. Таа на еден интернет форум имаше објавено:
'Моите постапки ги згрозија луѓето, но јас сум спремна да трпам се за мојата страст. Кога го љубиш човекот, не е важно дали е тој жив или мртов.'