Омилената боја открива каков љубовник сте

Психолозите велат дека можат да утврдат каков љубовник е некој врз основа на информацијата за неговата омилена боја. Па да видиме што велат тие..

Црвена боја

Оваа боја означува страствен љубовник кој многу брзо се возбудува и е многу отворен во однос на својата сексуалност. Кога на двајцата партнери омилена боја име црвената, тогаш нивниот сексуален живот е исклучително возбудлив. 

Црвената боја исто така се интерпретира како многу агресивна, па психолозите велат дека овие луѓе се навистина агресивни и имаат високи очекувања во односот со партнерот.

Жолта

Оваа боја се поврзува со прилагодувањето и синхронизираната сексуалност. Луѓето на кои жолтата боја им е омилена обично имаат пасивна улога во сексуалниот однос, па затоа бараат доминантен/а партнер/ка. Овие луѓе не се многу отворени кога станува збор за сексуалноста и навистина им е тешко совладувањето на психичките бариери.

Розова

Оваа боја означува недостаток за зрелост во сексуалниот живот, а психолозите велат дека овие луѓе најчесто мразат некого. Овие луѓе многу сакаат да се фалат себе си и да даваат големи ветувања, но на крајот многу малку од тоа исполнуваат.

Виолетова

Оваа боја се поврзува со отменост и рафинираност, што би значело дека овие луѓе најчесто се грижат за сопственото сексуално задоволство и не сакаат да експериментираат. Сексуалниот живот со ваков/а љубовник/ца би можел да биде по малку студен.

Црна

Интересен факт е тоа што помеѓу оние кои сториле сексуални кривични дела најмногубројни се оние чија омилена боја е црната. Црната боја се поврзува со сексуална изопаченост, садизам и мазохизам.

Зелена

Оваа боја е синоним за свежина, здравје и природа. Зелените љубовници се искрени, невини и верни. Единствен недостаток им е тоа што не се премногу страствени, па понекогаш делуваат неискусно.

Портокалова

Оваа боја им е омилена на љубовниците кои се страствени, обожаваат предигра и сексуални фантазии. Овие луѓе наоѓаат огромно задоволство во сексуалноста, а понекогаш знаат да бидат и умерено агресивни бидејќи сакаат да остават по некоја гребнатинка зад себе. Дел од жените чија омилена боја е портокаловата имаат проблем со доживувањето оргазам, но многу вешто го скриваат тоа.

Кафена

Кафените љубовници се нежни, топли и искрени. Тие целосно се опуштаат во интимно опкружување, бараат многу внимание од својот/а партнер/ка и очекуваат многу фантазија и нежност кога е сексот во прашање.

Сива

Овие љубовници најчесто се неодлучни. Многу тешко се возбудуваат и често изгледаат како да им е здодевно за време на сексот. Го користат сексот за ублажување на напнатоста, а жените меѓу нив сексот го гледаат само како средство за репродукција.

Сина

Овие луѓе се страствени, нежни, верни, неизмерно уживаат во сексот и би сакале да го имаат во секој момент од животот. Кога ќе го/ја најдат вистинскиот/а партнер/ка целосно се посветуваат и немаат очи за никој друг. Тие воопшто не се агресивни во сексот.

Бела

Ова е бојата на невиноста и чистотата. Ваквите љубовници знаат да бидат многу воздржани бидејќи го поврзуваат сексот со чистотата. Тие најчесто уживаат во нежна предигра или дива сексуална игра. Не сакаат да зборуваат за сексот и често имаат проблем со гледањето голи тела.

Пронајдете не на следниве мрежи: