Концерт на Том Боксер и Морена во Скопје

Најголемите хит мејкери на денешницата кои ни доаѓаат од Букурешт, Романија, добро познати на македонската публика по безвременските хитови Morena, Deep In love, Dancing, Shake it Mamma и многу други утре повторно пред македонските фанови.

Романската популарна двојка Том Боксер и Морена, во сабота, ќе го има својот втор настап пред, според нив, највеселата публика досега – Македонците.
На скопскиот саем во петтата хала ќе се случува светската промоција на нивниот најнов хит „Party night and day“ која изминатиот месец се снимаше во студиото на Дино Псарас, во Лондон.
Имено оваа позната романска хит двојка првичниот контакт со Псарас го оставри на настанот кој пред 4 месеци ја соедини македонската публика и ја натера да игра и пее во ист ритам. На самиот настан, на кој покрај романската хит двојка, настапи и светски познатиот Дино Псарас, Морена и Том ја договорија соработката со Псарас, така што токму нивната средба и запознавање во Македонија е истовремено и причина за промоција на најновиот хит, повторно во Македонија, пред најразиграна публика.
Се е подготвено за нивниот концертен настап, само да пристигне двојката од Романија и може да започне најдобрата забава за втората половина од 2012 година.
Организаторот подготви неколку интересни изненадувања за најголемите фанови на Морена и Том, така што дел од нив ќе може да имаат заеднички ручек, а други да се забавуваат со Морена во бекстејџот пред концертот.
Цената на билетите изнесува 350 денари, а истите може да ги најдете во Тоbaco и Together дистрибутивната мрежа, Југотон и МК тикетс.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: