Поп дивата Мадона го продава својот апартман на Upeer East Side на Менхетен што го купи во 2009 година. Таа го купи станот за неверојатни 32 милиони долари и потроши уште неколку милиони за негово реновирање и уредување.
Апартманот е навистина нешто посебно. Се простира на два ката на зграда на улицата West 64, и од секоја соба на станот се излегува на балкон од кој се простира прекрасен поглед на Централ парк. Точниот број на соби не е објавен за јавноста, но се знае дека станот има осум тоалети, пет камина, библиотека и други луксузно опремени простории. Ентериерот на станот е дизајн на братот на Мадона, Кристофер Чиконе.
По се изгледа дека Мадона е во брзање да замине од Њујорк, бидејќи овој апартман, на кој потроши толку многу, е решена да го продаде за “само” 23 милиони долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: