Ако сте маж и немате претстава што правите погрешно, внимателно читајте и запомнете. А ако сте жена, помогнете му на женскиот род и следниот пат јасно и гласно кажете што навистина Ви пречи…
Така ќе се заштитите себе си од понатамошни непријатни ситуации, а воедно и ќе им помогнете на мажите да разберат барем еден мал дел од женскиот свет. Сега, еве ги најчестите грешки кај машката популација, кои едноставно „ги вадат од кожа“ жените.
Неуредност
Добро, можеби е во ред понекогаш да се појавите со несредна фризура, неиспеглана кошула или брадичка стара два дена, но валкани раце, црни нокти, влакненца во носот или ушите се крајно недопустливи. И навистина испотеното машко тело распламтува страст кај жените, но само кога таа пот е предизвикана од сексуалниот чин во чиста постела, а се останато е крајно одбивно.
Звуци
Некои жени сакаат тивко шепотење, некои гласна потврда или комплимент, но сите останати звуци се забранети за мажите. Секакво мљацкање, шушкање и стенкање е крајно непријатно за женските уши. И секако не заборавјте дека понекогаш тишината знае да биде многу возбудлива.
Мода
Во црни или бели боксерки, класични машки гаќички или едноставен слип модел, секој маж добро изгледа. Тарзанките, тангите, цветните дезени и сличните лудории мажите треба да ги остават за подоцна, кога навистина добро ќе ја запознаат партнерката. И можеби за мажите изгледаат возбудливи пораките на долната облека од типот „Sex machine“, „Само за твои очи“, „Следи ја стрелката“ и сл., но за жените тие се сé, но не и возбудливи.
Hi-tech
Мажите дефинитивно треба да заборават на мобилните телефони, а посебно на далечинскиот управувач, кога ја имаат својата сакана во прегратка. Единствен уред од ваков тип кој е дозволен е управувачот за клима уредот, кога ситуцијата ќе стане премногу „жешка“.
Спиење
И за крај најголемата машка грешка, после секс немојте никако да заспивате! На некои жени делот после сексот им е многу поважен од самиот чин, па мажите не смеат никако да бидат отсутни или поспани во овој дел. Малку внимание, неколку бакнежи, кратко милување, а потоа можете да спиете колку сакате.
Пронајдете не на следниве мрежи: