Бостон до победата на вице првакот Оклахома го предводеа ветераните Пол Пирс (27 п.) и Џејсон Тери (16 п), голема помош тие имаа од Режон Рондо кој натпреварот го заврши со 6 поени, 16 асистенции и 8 скокови.
Кевин Дурент со 29 и Расел Вестбрук со 28 поени, 7 скока и 8 асистенции беа најекспонирани во редовите на Оклахома.
Агонијата на ЛА Лејкерс продолжи и во Мемфис, домашниот тим со триумфот од 106:98 стигна до деветата победа во 11-от натпревар сезонава. Лејкерси на 13 натпревари имаат шест победи и седум порази. Колективната игра на Мемфис беше клуч за победата, целата стартна петорка на Гризлис постигна двоцифрен број на поени, најмногу Руди Геј 21, додека Зек Рендолф имаше двоен ефект од 17 поени и 12 скокови.
Коби Брајант беше единствената светла точка кај Лејкерси, тој постигна 30 поени, додека целосно потфрлија центрите Двајт Хауард и Пау Гасол кои заедно постигнаа 13 поени.
Хјустон му го нанесе најтешкиот пораз во сезоната на Њујорк, ’ракетите’ победија со 131:103 и го забележаа шестиот триумф во 13-от натпревар, Њујорк има скор 8-3. Џејмс Харден со 33 поени и 9 асистенции беше најефикасниот играч на Хјустон, каде со учинокот се истакнаа Чендлер Парсонс (31 п.), Омер Ашик (18 п. и 14 ск.), додека поранешниот играч на Њујорк, Џереми Лин натпреварот го заврши со 13 поени, 7 скока и 3 асистенции. Кармело Ентони со 37 поени беше најефикасниот играч на Никси.
Резултати:
Орландо-Кливелнд
Шарлот-Атланта 91:101
Бостон-Оклахома 108:100
Бруклин-ЛА Клиперс 86:76
Детроит-Торонто 91:90
Хјустон-Њујорк 131:103
Мемфис-ЛА Лејкерс 106:98
Индијана-Сан Антонио 97:104
Феникс-Њу Орлеанс 111:108
Денвер-Голден Стејт 102:91
Јута-Сакраменто 104:102
Портлaнд-Минесота 103:95.
Пронајдете не на следниве мрежи: