Во експлозија 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа, а 47 се повредени во петокот во експлозија на гас во ресторан во северна Кина, објавија во саботата локалните медиуми.

Несреќата по којашто избувнал пожар се случила навечер во ресторанот со име „Кај веселата овца“ во градот Џинжонгу, во покраината Шанзи, јави агенцијата Синхуа, Очевидци на инцидентот рекла дека детонацијата била многу силна.
Експлозијата ја предизвикало истекување на гас, додава агенцијата.
Шест лица починале на самото место, а осум од здобиените повреди во болница. Меѓу 47-те повредени, 17 се во тешка состојба.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: