МЗТ гостува во Задар

Викендов, во АБА лигата, на програмата ќе бидат натпреварите од десетото коло. Македонскиот првак, МЗТ Скопје Аеродром, во оваа рунда ќе гостува во Задар, а дерби натпреварите ќе ги одиграат екипите од Белград и Загреб.

Во сабота, Црвена ѕвезда, која има серија од шест победи во сите натпреварувања, ќе гостува кај Цибона, додека во недела Партизан ќе ја пречека Цедевита.
Натпреварот во Задар ќе биде второто последовно гостување за МЗТ во АБА лигата, откако во претходното коло ’’аеродромци’ беа убедливо поразени од Игокеа со 55:79.

МЗТ во досегашниот дел од сезоната има скор 4/5, додека Задар има една победа помалку.

“Распоредот во АБА лигата е таков што ни се погодија две исклучително тешки гостувања едноподруго. Играме против тимот на Задар кој игра одлично на домашен терен. Не смее да на залаже фактот дека Задар е на претпоследното место на табелата, се работи за доста добар тим кој на домашен терен успеа да ги совлада екипите на Црвена Звезда и Игокеа. Од моите играчи барам да одиграат многу подобро него што одиграа со натпреварот Игокеа, мораме да одиграме многу подобро и во одбраната и во нападот„ изјави за клупската интернет страница тренерот на МЗТ Скопје Аеродром , Алеш Пипан.

АБА лига, 10.коло:

Сабота, 24.ноември:

17:00 Солнок-Игокеа

17:00 Цибона-Црвена ѕвезда

19:00 Будуќност-Широки

20:30 Задар-МЗТ

21:00 Широки-Сплит

Недела, 25.ноември:

17:00 Партизан-Цедевита

18:00 Крка-Олимпија

Табела: 1. Партизан 7/2, 2. Игокеа 7/2, 3. Цедевита 6/3, 4. Црвена ѕвезда 5/4, 5. Будуќност 5/4, 6. Раднички 5/4, 7. Олимпија 4/5, 8. Цибона 4/5, 9. Сплит 4/5, 10. Крка 4/5, 11. МЗТ 4/5, 12. Широки 3/6, 13. Задар 3/6, 14. Солнок 2/7 .

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: