Фудбалската репрезентација на Бразил ќе се сретне со Англија, во пријателски натпревар, воочи Купот на Конфедерации, соопшти гувернерот на Рио де Женеиро, Серхио Кабрал.
Бразил и Англија ќе бидат првите репрезентации кои ќе играат на реновираниот стадион ’Маракана’ во Рио, мечот е закажан за 2.јуни 2013 година, а Купот на конфедерации ќе започне 15.јуни 2013.
На овој меч ќе му претходи пријателската средба на Англија и Бразил, која во февруари следната година ќе се одигра на ’Вембли’ во Лондон.
Легендарната ’Маракана’ е изградена во 1950 година за потребите на Светското првенство, сега се реновира за потребите на Мундијалот во 2014 година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: