Во експлозија во американски стриптиз клуб осум повредени

Најмалку осум лица се повредени во експлозија предизвикана од истекување на гас во петокот, неколку моменти по евакуацијата, која го разорила стриптиз-клуб во центарот на Спрингфилд во сојузната американска држава Масачусетс.

Началникот на полицијата во Спрингфилд, Вилијам Колинс за локалните медиуми изјавил дека и во текот на саботата работниците на локалната централа за дистрибуција на глас ја пребаруваат околината.
„Целата зграда е целосно срамнета со земјата“, изјавил Колинс во саботата во телефонски разговор со Reuters.
Фотографиите од местото на инцидентот прикажуваат згради со искршени прозорци, парчиња на улицата и амбулантни возила.
Очевидци изјавиле дека експлозијата била силна од којашто се затресла земјата и на ги бутнала минувачите во близина на барот а веднаш потоа се кренал голем густ облак од чад.
Осум лица се префрлени во локалната болница, но ниедно не е во критична состојба, потврдила за медиумите портпаролката на градската болница во Спрингфилд, Џејн Алберт.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: