Металург на реванш кај Киелце

Македонскиот ракометен шампион, Металург, во Полска ќе го одигра натпреварот од шестото коло во лигата на шампиони.

Домаќини на избраниците на Лино Червар ќе им бидат ракометарите на Киелце, екипа која заедно со Веспрем и Барселона има максимален учинок по пет одиграни натпревари.
До претходното коло, во ова угледно друштво беше и Металург, но токму Киелце со победата во Скопје од 23:21 ја прекина серијата на македонскиот првак.
Тренерот на Металург, Червар, против Килеце нема да смета на Миладин Козлина, кој поради повреда остана во Скопје, на негово место е повикан Милан Левов.
Дуелот помеѓу Килеце и Металург ќе стартува во 18 часот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: