Сексапилната пејачка ја тужи поранешниот менаџер и дечко Антонио де ла Руа поради долг од 100 милиони долари!
Поранешниот дечко на Шакира, во тужбата поднесена во Вишиот суд во Менхетен, тврди дека по раскинувањето, пејачката престанала да му го плаќа делот од приходите на кои тој има право како нејзин менаџер.
Иако Антонио де ла Руа и колумбиската убавица се разделиле во 2010 по десетгодишна врска, тие се до пред една година биле во пријателски и деловен однос. Меѓутоа, според зборовите на синот на поранешниот претседател на Аргентина, тие денес се во лоши односи затоа што убавицата одбива да му го плати долгот.
Антонио му препуштил на Судот сам да процени колку му должи поранешната шефица, бидејќи за време на соработката и помогнал да заработи десетици милиони долари од турнеата и да склучи договор вреден 300 милиони долари.
И додека Антонио ја чека пресудата, Шакира чека нешто повредно – доаѓањето на бебето. Колумбијката и шпанскиот фудбалер Пике ќе станат родители.
Пронајдете не на следниве мрежи: