Дедо Мразовци парадираа низ Менхетн

Како дел од традицијата долга 110 години, Дедо Мразовци, парадираа низ Петтата авенија на Менхетн, во Њујорк.

На парадата во Њујорк, учествувале 50 Дедо Мразовци кои ја носеле својата традиционална облека.
По завршувањето на парадата, тие си заминале, но не со санки, туку биле однесени со автобус.
Донациите кои биле собрани за време на парадата на Дедо Мразовците ќе бидат употребени за празнични ваучери за храна, кои ќе им бидат поделени на оние жители на Њујорк на кои таа им е најпотребна.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: