Најбизарните услуги на светот

Дали сте свесни дека денес постојат разни фирми кои можат да ви озвоможат се што ќе посакате.

Сакате ли гола чистачка да ви го исчисти станот? Можете многу лесно да најдете…

 

Или пак сакате да изнајмите некого за да ви ги исчисти ушите додека вие спиете? И тоа е можно…

Не само што постојат компании кои нудат незамисливи услуги, туку постојат и интернет страници кои наместо вас на некого анонимно ќе укажат дека има проблем со предолги влакна во носот или ќе ви понуди еден час да ве прегрнува.

 

Притоа, немојте да се смеете бидејќи некој може да ви удри шлаканица, ако сте платиле за тоа.

Една личност која имала проблем како и многу други луѓе, губи концентрација и желба за работа, се одлучил да плати девојка која ја нашол преку Креглиста да му удира шлаканица секогаш кога ќе престане да работи и ќе почне да губи време по интернет.

Како што вели тој, продуктивноста му се зголемила од 38 отсто на неверојатни 98 отсто.

 

Гушкање по час

Прегратките се знак на нежност и љубов, но на една жена од Пенфилд во Њујорк се и извор на заработка. Досетливата Жаклин Самуел отворила Гушкалница за 60 долари на час, па нејзините клиенти можат да добијат прегратки какви сакаат.

Со оглед на тоа дека прегратките ги дава сама, 29 годишната Жаклин често има некој од своето семејство или пријател во станот во случај клиентот да не се занесе премногу. Жаклин нуди и прегратки во траење од 90 минути.

 

Писма и пораки пишувани на рака

Златното време на пишувани писма очигледно помина. Денес веќе е многу нормално и постарите кои понекогаш имаат проблеми со користење на компјутери без проблем да примаат и пратат електронска пошта. Но, како што забележа основачот на компанијата Епистли, електронската пошта со време на секого му станува досадна.

Епистли нуди посебен личен контакт кој го имаше старата пошта, за своите клиенти рачно ќе напише вистинско писмо и ќе го испрати. Со други зборови наместо клиентот сам да напише писмо и да го прати по пошта, може да плати тоа наместо него да го направи некој друг.

 

Голо чистење на куќата

Кога сме веќе кај хигиената, треба да се спомне и бизарната понуда од Тексас, речиси гола девојка која за сто долари на час чисти туѓи домови. Мелиса Борет ја основаше компанијата Lubbock Fantasy Maid Service, а нејзината услуга се состои од чистење на домови кои го вршат атрактивни девојки облечени во долен предизвикувачки веш или топлес. За само 50 долари клиентот може да добие две собарки во топлес. Иако очигледно се работи за искористување на сексуалноста во промотивни цели, компанијата тврди дека се нуди само чистење на домови и ништо повеќе.

 

Јапонците сакаат други да им ги чистат ушите

Ако некогаш сте бутнале стапче во уво, а сигурно сте го направиле тоа, сте виделе смеса со незгоден изглед која се собира во ушите и можеби сте посакале некој друг тоа да го прави место вас.

Во Јапонија се поголем број на луѓе одат на чистење на уши кај некој кого го плаќаат за тоа, но за тоа причина не гадењето или нешто слично, туку тоа што Јапонците тој вид на хигиена го поврзуваат со мајчинска грижа.

Овој чин Јапонците ги враќа во среќните денови на детството. Работата на ушни хигиеничари посебно процвета од кога повеќе не бараат за тоа медицинска дозвола.

Многу клиенти на салони за чистење на уши тврдат дека тоа многу ги опушта и главно заспиваат во текот на процесот. Ушите на клиентите главно ги чистат жени кои посетувале курс за користење на традиционалното средство за чистење на уши мимикаки, на кој учат колку восок смеат да извадат (бидејќи таа смеса го заштитува ушниот канал и го подмачкува).

 

Рент баба

Компании во САД имаат една навистина бизарна понуда, изнајмуваат баби. Всушност се работи за многу досетливо огласување за чување на деца.

Без оглед на згодната рекламна идеја, жените кои работат за компанијата имаат искуство во работа со деца и веројатно нема да доведат момче додека родителите не се дома.

 

Автобус за мамурлак
 

Не, очигледно не се работи за филм, туку за необична услуга. Имено компанија нуди можност на луѓе кои премногу испиле да се отрезнат. Автобусот вози секој ден од 8 наутро до 3 попладне, а можни се два вида на возење, Искупување и Спас. Искупување се вклучува само со интравенозна хидратација, а во пакетот Спас одат и средства против мачнина и витамински додатоци.

Кога клиентот ќе плати за возењето, автобусот ќе дојде по него и по третманот ќе го врати на исто место. 

Пронајдете не на следниве мрежи: