Круз снима со костум тежок 30 кгр

Популарниот актер Том Круз, во Велика Британија, го снима својот најнов филм „All you need is kill“.

Снимањето на Круз не му е воопшто лесно, бидејќи тој носи костум кој е тежок 30 килограми, поради што тој и екипата се принудени да прават чести паузи.
„Том и останатите актери мораат да прават чести паузи поради тешките костуми. Во една сцена тој треба да претрча еден километар со костумот на себе. По таква сцена него му се потребни неколку часа за одмор“, изјавил неименуван извор за Daily Mail “.
Според весникот, Круз во Велика Британија не е сам, со него е неговата ќерка Сури, со која го прославил и Денот на благодарноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: