Колку време му треба на алкохолот да ви ‘удри’ во глава

Алкохолот „удира“ в глава за само шест минути, тврдат научниците… кои за првпат успеаја да ги докажат брзите промени кои консумирањето алкохол ги предизвикува во нашиот мозок.

 

Само шест минути по внесувањето три чаши пиво или две чаши вино во организмот, што значи дека нивото на алкохол во крвта е 0,5 до 0,6 промили, веќе се забележуваат промените во нашите мозочни ќелии. 

Истражувачите од германската универзитетска болница Хајделберг велат дека е познато оти мозокот брзо реагира на алкохолот, но тие сакале да сознаат колку време е потребно ефектот да биде евидентен.

 

Експериментот е направен врз осум мажи и седум жени кои ја испиле споменатата количина алкохол. Со скенирање на нивните мозоци забележани се мали промени во нивните ќелии, што се последица на внесениот алкохол во организмот.

 

Научниците велат дека хемиската супстанца која ги штити мозочните ќелии, како и другите мозочни состојки, се намалиле кога се зголемило нивото на алкохол. 

Студијата исто така открила дека и женскиот и машкиот мозок подеднакво реагира на консумирањето алкохол. 

Тимот научници заклучи дека штетните ефекти од алкохолот врз мозокот можеби се краткотрајни, но на ќелиите им треба многу време за да се обноват.

Пронајдете не на следниве мрежи: